Во Македонија има 2.091 активен Ковид случај

Последните податоци од МЗ се дека од вкупно 1.153 тестирања од вчерашната ковид статистика, регистрирани се 411 лица позитивни на коронавирусот, односно 35 проценти од тестираните се позитивни.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вкупниот број позитивни лица, 88 се реинфекции, а нема починати лица.

Оздравени се 210 пациенти.

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со вирусот во земјава.

Засега остануваат да важат мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против ковид-19, на сите вакцинални пунктови без закажување.

Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.