Каевски: По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски рече дека „СДСМ најостро го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица и бараме одговорност. Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди.

Тој посочи дека „Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата. Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци. Мицкоски и Апасиев најмалку што можат да направат денеска е да им се ивинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци“.

„По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството. СДСМ го осудува секој вид на насилство и ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица“ рече Каевски.