Британија доби нови министри за здравство и за финансии

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон синоќа го назначи поранешниот претприемач и актуелен министер за образование – Надим Захави, за нов министер за финансии, а Стив Баркли за министер за здравство.

Захави (55) е коосновач на познатата компанија „YouGov“ и својата политичка кариера ја почна во конзервативните кругови во Лондон, пред да стане пратеник во 2010 година. Популарноста ја стекна со предводењето на процесот на вакцинација на Британците за време на пандемијата.

Именувањата следеа веднаш по вчерашните оставки на Риши Сунак и Саџид Џавид како министер за финансии и министер за здравство.

Сунак на Твитер вчера објави дека се повлекува од функцијата британски министер за финансии, додека Саџид Џавид поднесе оставка од функцијата британски министер за здравство во писмо до премиерот Џонсон. Засега тие се единствените двајца министри на врвот на премиерскиот кабинет кои поднесоа оставка, додека други високи личности му изразија поддршка на Џонсон.

Шефицата на дипломатијата, Лиз Трус, која се смета за водечки кандидат за негово замена, изјави дека „заостанала 100 отсто зад премиерот“.