Дел од демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог вечерва ја урнаа оградата пред Собранието. Десетици момчиња од кои повеќето со качулки на главите фрлаат кон Парламентот и полицискиот кордон со разни предмет и користат пиротехника и молотов коктел. Пред Собранието се забележува големо полициско присуство.
Денешниот протест започна пред Владата, продолжи пред МНР, па до Собрание.
Кога стигнаа пред Парламентот беше интонирана националната химна и луѓе се обидоа да одржат говори, но дел од насобраната маса почна да вика дека – Ова не е митинг, по што почнаа да ја уриваат оградата. Тие бараат оставка од владата.