Ванхојте со отворено писмо до граѓаните во С Македонија: Не се затворајте во минатото, туку вклучете се во заедничка иднина

Можен е сериозен напредок на Северна Македонија благодарение на францускиот предлог. Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците како што е идентитетот, јазикот и културата, а за возврат вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ, порача белгискиот дипломат Питер Ванхојте во отвореното писмо до граѓаните на Северна Македонија на Фејсбук.

Според Ванхојте, со овој предлог се овозможува конечно отпочнување на процесот на пристапување кон ЕУ.

„ЕУ е вашата иднина. ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување. Го разбирам националистичкиот негодување од некои политички партии. Како опозиција, нивната улога е да се спротивстават – и да бидеме јасни, секогаш е полесно да се спротивставиме на одлука на владата отколку да се согласиме со неа и да ја поддржиме“, пишува Ванхојте.