Четвртина од тестираните во земјава се позитивни на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15…

Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3…

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице

Досега во земјата бројот на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126