Срѓан Лекиќ – пулмологот од Србија кој работи во Словенија на својот Твитер профил објави предупредување кое се однесува на коронавирусот, а во кое вели дека е „најлошиот омикрон досега“.
„Сојот омикрон BA.5 станува доминантен. Се чини дека е најлошиот омикрон досега, антигенски сосема различен од варијантата BA.1, за која вакцините допрва треба да пристигнат и не знаеме колку ќе бидат ефективни против BA.5. Вирусот мутира побрзо од производството на нови вакцини“ – напиша Лукиќ.
Лекарите и медицинските експерти повторно повикуваат на носење маски, а еден од советите за сузбивање на новиот седми бран е да се прими четвртата доза вакцина.