Мендух Тачи – лидерот на ДПА и пратеник во Собранието смета дека францускиот предлог е „најлош досега што го добила Македонија, но доколку има нареден, тој ќе биде уште полош“.
„Имам 30 годишна политичка кариера. Ќе кажам дека ова е најлошиот предлог до сега, од времето на Киро Глигоров до денес. Наредниот ќе биде уште полош предлог“ рече синоќа Тачи во емисија на ТВ21.
Тој смета дека ова не е предлог на Париз, туку на ЕУ.
„Треба компромис за подобра иднина. Со овој договор дефинитивно ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија. Ниедна албанска партија нема да коалицира со партиите кои се против овој предлог“ – рече Тачи.