Филипче: Имаме сомнеж дека Славески е гувернер затоа што се согласил за Алта Банка

Имаме сериозен сомнеж дека изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка е поврзан со неговата согласност за влез на Алта Банка во Македонија, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Имаме сериозен сомнеж дека изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка е поврзан со неговата согласност за влез на Алта Банка во Македонија, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју на 4ТВ.

Филипче посочи дека според информациите кои ги има, другите кандидати не се согласиле со таквиот договор и затоа не биле номинирани и предложени до Собранието.

„Трајко Славески беше и се уште е во една голема паника. Ние имаме сомнеж дека една од причините зошто е гувернер дека требало да требало да дозволи влез на Алта Банка во Македонија и дека другите кандидати не се согласиле на тоа и затоа не биле номинирани и предложени до Собранието. И затоа сметам дека во таа панична реакција, не знаејќи што и како да одговори на многу конкретните прашања, обидувајќи се да дефокусира кажува дека го консултирал и Христијан Мицкоски “, рече Филипче.

Тој посочи дека реакцијата на гувернерот за време на надзорната расправа, кога ја спомена консултацијата со премиерот Мицкоски, отвора дополнителни прашања за влијанието на извршната власт односно премиерот врз Народната банка.

Филипче нагласи дека Мицкоски се меша во сите институции и дека неговите јавни изјави покажуваат дека сака да контролира сè, вклучително и институциите кои треба да бидат независни.

„Христијан Мицкоски е човек што се меша во сè. Собраниската говорница кажува дека има контрола врз обвинителството. Кажува јавно. Кажува на собраниската говорница, кажува на медиумите во сите изјави. По скандалозната изјава дека се меша во медиумите“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи Славески јавно призна дека го консултирал Мицкоски за влезот на Алта Банка, што дополнително ја отвора политичката одговорност за целиот случај.

„Тоа го кажа Славески „Јас се консултирав со премиерот дали банката да влезе или не“. Значи, дозволиле а во консултација со Мицкоски банката да влезе кај нас“, рече Филипче.