„Не е љубов ако те убива“ – со истурена земја пред МВР заврши протестот „Ниту една повеќе“

„Не се откажуваме, ниту една повеќе“, „Не е трагедија, фемицид е“, „Не е љубов ако те убива“, „Не сте свесни колку сме бесни“ и „Тука сме за вашите ќерки, сестри, жени, мајки“.

„Не се откажуваме, ниту една повеќе“, „Не е трагедија, фемицид е“, „Не е љубов ако те убива“, „Не сте свесни колку сме бесни“ и „Тука сме за вашите ќерки, сестри, жени, мајки“.

Ова беа само дел од транспарентите кои беа прикажани по скопските улици на протестот организиран од „Ниту една повеќе“ со порака за преземање конкретни чекори и построго законско санкционирање на фемицидот.

Протестот кој беше мирен започна од паркот „Жена-борец“, па преку центарот на Скопје заврши пред седиштето на Министерството за внатрешни работи.

Таму симболично беше истурена земја, се направи импровизиран гроб во чест на жртвите од семејно насилство и фемицид во земјава.

Учесниците порачаа дека нема да се откажат од барањето за посигурно општество во кое насилството врз жените нема да остане неказнето.

Организаторите најавија нов протест за две недели, за кога истекува рокот кој денеска им го поставија на институциите за исполнување на нивните барања.