
Народна банка веќе продавала акции на Стопанска банка Битола. Еве како ќе се реализира аукцијата за Алта банка
Народната банка на Македонија веќе продавала акции во сопственост на квалификувани акционери, преку аукција на Македонската берза, односно најавената аукција за акциите на Алта банка Белград во банката ќерка во Битола нема да биде прва од таков вид.
Народната банка на Македонија веќе продавала акции во сопственост на квалификувани акционери, преку аукција на Македонската берза, односно најавената аукција за акциите на Алта банка Белград во банката ќерка во Битола нема да биде прва од таков вид. Оваа информација денеска ја сподели директорот на Македонската берза, Иван Штериев, кој се појави како еден од сведоците во надозорната расправа за Алта банка Битола која што се одржа во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Штериев исто така детално ја опиша постапката на аукцијата закажана за 30 овој месец.
Пратеникот Борче Цветков праша дали Народна банка на Македонија смее да ги продава акциите кои ги има Алта банка Белград (која сега е во стечај) во Алта банка Битола, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, како и дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?
На ова Штериев одговори дека процедурата која што се води според член 138 од Законот за банки ја позиционира Берзата како застапник на Народна банка во ваква ситуација.
„Сметам дека е битно да потенцирам дека ова нема да се случи прв пат во нашиот финансиски систем, односно истиот член на законот е веќе употребен и во текот на 2012 и 2013 година. Народна банка преку Берзата веќе има направено во три наврати вакви берзански аукции во слична ситуација кога законот тоа го дозволувал“, рече Штериев, без притоа да прецирира за чии акции станува збор.
Тој додаде дека ова е објаснување за некоја организациона и институционална поставеност во водењето на постапката за отуѓување на акции кога е изгубена согласноста на Народна банка за квалификуван акционер.
Тој исто така нагласи дека кога некој влегува во регулиран сектор, конкретно во банкарскиот и ја поминува целата постапка на барање, квалификувано уичество, документации, интервјуа и тн,. тој ги прифаќжа правилата во тој регулиран сектор во секоја држава.
„Така да, тоа е нешто што секој кој има квалификувано учество во банка, знае дека во некој непосакувани околности е механизам на регулаторните органи во секторот и воопшто на целото општествено уредување“, рече Штериев.
Инаку, пребарувањето на интернет води до информацијата дека во 2013 година, Народната банка спроведе принудна продажба на пакети акции од Стопанска банка АД Битола преку јавни берзански аукции на Македонската берза.
Тогаш гувернерот на НБРМ донесе решенија за продажба на пакети обични акции кои претходно биле во сопственост на ЗК „Пелагонија“ АД Битола (и други поврзани акционери без согласност за квалификувано учество). Главните јавни објави за продажба беа објавени во септември 2013 година (вклучително и објавата од 6 септември 2013 година со последователна исправка). Една од клучните аукции беше закажана за 31 октомври 2013 година. На аукцијата закажана за 31 октомври 2013 година, почетната продажна цена изнесуваше 1.484,00 денари по акција.
Точните имиња на поединечните купувачи од аукциите на Народната банка во 2013 година не беа јавно објавени во соопштенијата на банката и берзата, бидејќи акциите се продаваа во помали пакети под законскиот праг од 5% (над кој Централниот депозитар за хартии од вредност задолжително ги објавува акционерите).
Сепак,, како што пишуваа тогаш медиумите, по принудната продажба на акциите на ЗК „Пелагонија“ и поврзаните субјекти, сопственоста во Стопанска банка АД Битола се распредели кај повеќе домашни компании и физички лица, секој со удел помал од 5% за да не подлежи на обврска за добивање согласност за квалификувано учество. Во акционерската книга на банката во годините по оваа продажба се појавија субјекти со пакети меѓу 3,6% и 4,99%, меѓу кои Трајан Масалковски (4,99%), Тони Јосифовски (4,99%), Ненад Јосифовиќ (4,93%), Тимох ДОО Скопје (4,86%), Орка Холдинг АД Скопје (4,68%), Нет-електроникс ДООЕЛ (4,15%), Скопски пазар (4,10%) и Бест Веј Инвестмент (3,85%). Единствен акционер што подоцна поседуваше удел над 5% (околу 16,99%) и беше јавно евидентиран во Централниот депозитар беше компанијата „Пелистерка“.
На надзорната расправа, пратеникот Бране Петрушевски се интересираше за аукцијата закажана на 30 ноември на Македонска берза кога треба да се понудат 372.742 обични акции односно 95,336 отсто од акциоенерскиот капитал на Алта банка Битола по почетна цена од 3.777 денари по акција.
„Ме интересира кој ја утврдил оваа почетна цена врз основа на каква методологија е формирана и како ќе се спроведе јавнот наддавање. И кои механизми гарантираат транспарентност, конкурентност и рамнопрацвен третман на сите заинтересирани инвеститори“, праша Петрушевски.
Штериев објасни дека постапката на аукцијата е регулирана во берзансите правила за тргување, во специјален анекс.
„Фактички, станува збор за наддавање во два круга, каде што во првите 5 минути од аукцијата секој кој што може да земе учество во аукцијата, а во јавната објава согласно членот од Законот за банки е предвидено дека можат да учествуваат само тие што ќе добијат претходна согласност од Народната банка, значи тие што ќе може да учествуваат во првите 5 минути, индицираат интерес, односно треба да ја прифатат преку нашиот софтвер за тргување, понудената почетна цена, 3.777 денари“, објасни Штериев.
Во однос на прашањето како дошло до формирање на таа цена, тој посочи дека тоа е регулирано во Законот за банки, каде што е предвидено дека се зема просек од официјалните дневни цени во последните три месеци со тргувањето со тие акции.
„Во конкретната ситуација, бидејќи по преземањето, динамиката на тргување, што е разбирливо, е намалена и немаше многу трансакции, но просекот кога се пресмета и тоа НБМ го побара од нас, ние им го дадовме како просек, доаѓаме до тие 3.777 денари за акција“, објасни Штериев.
Во однос на постапката тој рече дека ако некој во првата фаза индицира интерес, тогаш има втора фаза, фаза на наддавање, која трае дополнителна минутажа.
„Притоа, бидејќи Македонска берза има доста искуство со разни аукции историски наназад, вграден е механизам да има повеќе циклуси на тие фази на наддавање. Односно, во секој циклус ако во последната минута има подобрување на цената, тогаш се отвора нов циклус и така може до 10 пати да се прави аукцијата. На крај, сепак треба да се пресече временски некаде. Ако во десеттиот циклус на втората фаза на наддавање има наддавање, трансакцијата ја прави тој што ќе понуди највисока цена во моментот на прекинување на аукцијата“, рече Штериев.

Тој додаде дека станува збор за алгоритам, софтверски програмиран и многу пати испробан на Македонска берза.
Претходно Штериев се осврна и на темата на заштита на малцинските акционери во постапката на преземање на некое трговско друштво, при што нагласи дека заштита на малите акционери е самиот Закон за превземање.
„Суштината на Законот за превземање, не само кај нас, туку воопшто, е токму креиран за да ги заштити малцинските акционери, односно во ситуација кога би немало закон за превземање, а некој би се стекнал со контролен пакет на акции тогаш тој легитимно би ја управувал компанијата, би можел да носи одлуки за делење дивиденда и малцинските акционери, бидејќи не може да одлучуваат, би можеле да бидат во инфериорна положба понатаму“, рече Штериев.
Тој објасни дека станува збор за општи узанси на пазарите на капитал.
„Затоа и законите за превземање историски се креирани за кога се ќе се појави потенцијален купувач на доминантен пакет, под исти услови еднократно да им понуди да го прифатат и да не бидат маргинализирани или да немаат можност да ги кешираат акциите“, рече Штериев.
Тој додаде дека нормално, одлуката е на акционерите.
„Како што впрочем имало и неуспешни понуди за превземање, самите проценуваат дали под тие услови и по таа цена сметаат дека треба да ја прифатат понудата, а ако не ја прифатат, нивна е одлуката“, рече Штериев.
Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, најави ново продолжение на надзорната расправа за Алта банка Битола, а терминот и учесниците, дополнително ќе бидат одредени.