Председателката Силјановска се предомисли. Сепак ќе дојде на расправата за Алта банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на утрешната надзорна расправа за Алта Банка во законодавниот дом, потврдуваат собраниски извори за Телма.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на утрешната надзорна расправа за Алта Банка во законодавниот дом, потврдуваат собраниски извори за Телма.

Како што е објавено, на собраниската Комисија за финансирање и буџет утре ќе се одржи вториот дел од надзорна расправа на тема: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Надзорната расправа за Алта Банка започна на 11 ноември. Веќе наредниот ден (12 ноември) пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, до претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска поднесоа барање за продолжување на надзорната расправа на 13-ти ноември.

Одговорот пристигна по една недела, кога стана познато дека надзорната расправа за Алта Банка ќе продолжи утре, 25 ноември со почеток во 11 часот.