
Министерството за здравство: Пристигнаа дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип, досега се вакцинирани 28.035 граѓани
Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови во државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови во државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица – информираа за МИА од Министерството за здравство.
Закажани се, наведуваат од Министерството, 54.778 термини, од кои 23.225 претстојат во наредниот период,
Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од шест месеци до пет години, посочуваат од Министерството за здравство.
Воедно, ги повикуваат граѓаните од ризичните групи да ја искористат вакцинацијата, а граѓаните што добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.