Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот

Советникот во Советот на Општина Крива Паланка, Влатко Ристовски, обвини дека градоначалникот Сашко Митовски и советничкото мнозинство го одбиле предложениот Акциски план за решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.

По денешната седница на Советот, Ристовски соопшти дека предложиле сеопфатно решение со четири оперативни мерки, утврдени рокови, финансиска конструкција, институционална координација и механизам за надзор на спроведувањето.

Планот, како што наведува, предвидувал поставување прифатен пункт, организирање теренски екипи и вклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот и Министерството за внатрешни работи. Биле предвидени и хуман третман на животните, дезинфекција на јавните површини и помош за земјоделците кои претрпеле штети.