
Во Скопје силувани две деца под 15 години, тепачки меѓу мајки, ќерки, синови…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник.
Полицискиот билтен и денеска изобилува со семејно насилство, а најдрастични се случаите на силување деца кои не наполниле 15 години.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник.
На 17.11.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 51-годишен маж пријави дека на 16.11.2026 во домот во скопско бил физички нападнат од неговата мајка Л.К.(68). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2026 во 12:20 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријави дека од мај до сега, нејзиниот поранешен сопруг Б.К.(44) вршел психичко малтретирање и вознемирување на нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2026 во 10:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(29), постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 64-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.11.2026 во 18:20 часот во Полициската станица Гевгелија, 34-годишна жена од Гевгелија пријавила дека нејзиниот брат А.Ч. и се јавил телефонски и агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Н.(32) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон неговата сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.11.2026 во 15:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Х.(32) од Струмица. Според пријавеното, тој околу 02:00 часот во домот на неговата поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон неа. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.В.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.11.2026 во семејната куќа во Кочани, пријавената физички го нападнала нејзиниот татко.
Ноќеска (18.11.2026) во 03:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ѓ.К.(47) од Гевгелија. Според пријавеното, околу 01:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.11.2026 во 18:50 часот во СВР Штип, 49-годишна жена од Штип пријавила дека нејзиниот партнер Д.Ш.(42) од Штип и се заканувал. Известен е јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево, полициски службеници од Полициска канцеларија Пехчево го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево. Според пријавеното, тој на 17.11.2026 околу 22:00 часот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.