Али Ахмети: Предвремените парламентарни избори се најсоодветниот одговор на предизвиците што претстојат

Во изјава за ТВ21, Ахмети порача дека државата се соочува со сериозни предизвици и дека е неопходно да се одржат предвремени избори за да се понудат решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се единствениот излез од актуелната политичка состојба во земјава.

Во изјава за ТВ21, Ахмети порача дека државата се соочува со сериозни предизвици и дека е неопходно да се одржат предвремени избори за да се понудат решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

„Единственото решение за државата е одржување предвремени парламентарни избори. И самиот господин Христијан Мицкоски изјави дека нè очекуваат тешки денови и тешка година. Затоа, за да се одговори на предизвиците и да се понудат решенија за граѓаните, единствениот излез се предвремените парламентарни избори“, изјави Ахмети.

На прашањето на ТВ21 дали е оптимист дека ќе се одржат предвремени парламентарни избори, лидерот на ДУИ беше дециден:

„Сметам дека друго решение, ос