Фатмир Битиќи ја прашува Владата – „Како за две години се задолживте 1,5 милијарди евра кај домашните банки и што сервисиравте со нив?“

Конкурентна економија и борба против неформалната економија треба да бидат приоритети на кои треба да се насочи Владата, изјави за Локално пратеникот Фатмир Битиќи, по завршување на јавната дебата „Кој ја плаќа цената? Јавен долг, економска оддржливост и животен стандард“.

Конкурентна економија и борба против неформалната економија треба да бидат приоритети на кои треба да се насочи Владата, изјави за Локално пратеникот Фатмир Битиќи, по завршување на јавната дебата „Кој ја плаќа цената? Јавен долг, економска оддржливост и животен стандард“.

Тој објаснува дека од 2.8 милијарди евра долг колку што Владата има за враќање следната година, само половина милијарда евра е стар долг од еврообврзница. Се останато, според него е ново задолжување, кое го направила актуелната власт. -Долгот кој  следната година треба да се сервисира  според власта од 2,8 милијарди евра со вклучување на каматата е само за враќање на 500 милиони стара еврообврзница, сè друго е долг кој е генериран во меѓувреме за сервисирање одредени други потреби или рефинансирање. Доаѓањето на власт не може да биде алиби со тоа што направила претходната власт. Кога доаѓате на власт генерирате поголема вредност и со тоа ги враќате долговите, изјави за Локално Битиќи.

Тој рече дека за две и пол години има зголемување на нето јавниот долг за 2,5 милијарди евра, без да се креира со нив некоја додадена вредност.

-При тоа  има загушување на целиот капацитет за финансирање во приватниот сектор. Само за каматите или 50% од каматите од 407 милиони евра задолжување се за домашните задолжувања, кои се краткорочни не повеќе од година, година и пол. Тоа не може да се додаде на претходната власт, бидејќи оваа власт две години функционира. Прашањето е како само за две години задолжувањето кај домашните банки е отприлика 1,5 милијарди евра. Што со тоа сервисираше оваа Влада?, рече Битиќи.

Тој објасни дека на денешната дебата зборувале за тоа каде и кога евентуалното задолжување и растење на јавниот долг би можело да се оправда.

-Тоа е само кога носи поголема вредност, а не и во бројка, кога сака власта да го прикаже во растот на БДП. Но, во развојот како што е креирање на повеќе можности за младите генерации, креирање за поконкурентна млада генерација, поконкурентно стопанство, економија која во овој момент гледаме дека ја немаме. За жал тоа што упорно се обидуваме да и кажеме на власта е сегментот на конкурентна економија и тоа што е сегментот на борба против неформалната економија, кои би требале да бидат едни од највисоките приоритети, вели Битиќи.

Тој додава дека последниот извештај на Светска банка укажува дека место да има намалување на неформалната економија, која се движи меѓу 33 или 34%, сега е на ниво на 38%.

-Тоа се потврдува со бројките за креирање на работни места каде е прикажано дек 3,5% расте бројот на вработувања во неформалната економија наспроти вработувања во формалната економија, рече Битиќи.