
Европа би била побезбедна без НАТО, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, споредувајќи ја организацијата со забоболка.
„Кога НАТО не би постоел, или попрецизно, кога Алијансата не би ја играла – и не би продолжила да ја игра – улогата што ја имаше, безбедноста во Европа веројатно би била на многу повисоко ниво“, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, одговарајќи на критиките упатени кон Москва поради нејзиниот повик за реорганизација на европската безбедносна архитектура.
„НАТО е токму онаа организација која, како болен заб, го ослабна имунолошкиот систем на Европа – нејзиниот западен дел, Централна Европа, па дури и на целиот свет – барајќи и трошејќи огромни ресурси за реактивни мерки“, рече Захарова, одговарајќи на изјавата на германскиот политичар Фридрих Мерц, пренесува новинската агенција ТАСС.