ВЛЕН: Сватот на Ахмети му ги продал акциите на Мацура за преземање на „Алта банка“ во Македонија
ВЛЕН обвини дека Давор Мацура ги купил акциите во поранешна Стопанска банка Битола, денес „Алта банка Македонија“, директно од компанијата „АС Сењак“, поврзана со Селаудин Арифи, сват на Али Ахмети. Од партијата побараа Јавното обвинителство и Управата за финансиско разузнавање да отворат итна истрага за поврзаноста на кредит од пет милиони евра со подоцнежната продажба на банкарските акции.

На прес-конференција, ВЛЕН изнесе хронологија на трансакциите, тврдејќи дека во октомври 2024 година кичевската компанија „АС Сењак“ купила значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Според партијата, на 9 јуни 2025 година поврзана фирма добила кредит од пет милиони евра од „Алта банка“ во Белград.
Од ВЛЕН наведуваат дека на 17 септември 2025 година „АС Сењак“ ги продала акциите во битолската банка на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што, според нив, му било овозможено преземање на банката во Македонија.
Партијата постави прашања дали кредитот од пет милиони евра бил поврзан со подоцнежното купување на акциите и дали продажбата била однапред договорена компензација за кредитот. Побараа и да се утврди колкава била заработката од трансакцијата и дали имало провизии за компаниите поврзани со семејството на Али Ахмети.
ВЛЕН упати критики и кон поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби, тврдејќи дека активно го поддржувале влезот на „Алта банка“ на македонскиот финансиски пазар.
Од партијата побараа институциите да ги испитаат кредитот од 9 јуни и продажбата на акциите од 17 септември 2025 година, со цел да се утврди дали постои финансиска или друга поврзаност меѓу двете трансакции.