
Очајна излезност на претседателските избори во Бугарија – до 15 часот само 15 отсто
Според прелиминарните податоци од излезните анкети на социолошките агенции, ваквата излезност би можела да се вброи меѓу најниските во поновата демократска историја на земјата.
На претседателските избори во Бугарија до 15 часот излегле само 15 отсто од запишаните избирачи.
Според прелиминарните податоци од излезните анкети на социолошките агенции, ваквата излезност би можела да се вброи меѓу најниските во поновата демократска историја на земјата.
Изборниот ден започна во 7 часот, а според досегашните информации, гласањето се одвива мирно.
Првичните информации од терен укажуваат на слаба заинтересираност за гласање во различни делови од земјата, без поголеми регионални разлики.
Ниската излезност отвора прашања за довербата на граѓаните во политичките партии и институциите, како и за нивната подготвеност да учествуваат во изборниот процес.