Нападната мајката на Александар Вучиќ – ја навредувале, па и ја земале торбата со намирници
– Група помлади мажи, со политичка ориентација поврзана со блокади, ја турнаа Ангелина Вучиќ, викаа по неа и ѝ ги искинаа торбите со намирници што ги носела од пазарот. Ваквото однесување претставува неприфатлив чин на агресија, понижување и заплашување, кој заслужува најостра осуда – се наведува во соопштението на СНС.
Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, била нападната пред избирачкото место каде што гласала утрово, објави српски „Информер“, повикувајќи се на свои сознанија.
Според информациите „мајката на Вучиќ, Ангелина, била нападната веднаш по гласањето; ја навредувале и ѝ ја одзеле торбата со намирници што ја носела со себе“.
Според нивните наводи, нападот е пријавен во полиција, а во тек е истрага во текот на која ќе се утврдат сите факти.
Денес во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори, а избирачките места се отворија во 7:00 часот.
Вкупниот број гласачи во единствениот избирачки список изнесува 6.450.523.
Избирачките места се затвораат во 20:00 часот. Се гласа за една од 18-те изборни листи.
Српската напредна странка (СНС) остро го осуди физичкиот и вербалниот напад врз Ангелина Вучиќ што се случи денес во непосредна близина на пазарот „Калениќ“ во Белград.