Ноќеска почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, ноќеска ќе почне зимското сметање на времето односно 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, ноќеска ќе почне зимското сметање на времето односно 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Одлука за утврдување на сметањето на времето во 2026 година, според која летното сметање на времето почна на 29 март 2026, а зимското сметање почнува на 25 октомври 2026, ја донесе Владата и е објавена во Службен весник на 19 март годинава.

-Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.