(ВИДЕО) Разговори со проф. Филиповски и аналитичарот Незири

Во „Трилинг“ разговараме со универзитетскиот професор Владимир Филиповски, и политичкиот аналитичар Џелал Незири.

Во „Трилинг“ разговараме со универзитетскиот професор Владимир Филиповски, и политичкиот аналитичар Џелал Незири.


„Во ребалансот на буџетот, она што редовно се случува е дека државата додава алокација на нови средства за покривање на дефицитот во ПИОМ. Тоа значи дека е релативно голем проблем. Тоа зафаќа голем дел од буџетските ресурси“, смета универзитетскиот професор Владимир Филиповски.

Според него битни се и политиките кои се водат во однос на пензиите.

„Ова линеарно покачување на пензиите, значеше дека имаме поголема исплата, сума која е потребна за да се исплатат пензиите, и на тој начин практично се доаѓа до ситуација кога дефицитот на Пензискиот фонд е голем.

Говорејќи за економскиот раст од 3,5 до 4% е добар или доволен, професорот вели дека земја како Македонија која е во развој, би требало да остварува што е можно повисоки стапки на раст, како и за вториот ребаланс на буџет, што е невообичаено, професорот смета дека оваа година мора да се земе предвид дека имаше големи глобални шокови.

„Тука е порастот на цената на енергенсите, порастот на цената на храната и други производи поврзани со цената на енергенсите, коишто практично наведоа и други земји да се прилагодат на таа нова ситуација, бидејќи се креирани нови фискални дефицити.

-Она што сега е кај нас, со новите ребаланси, се покажува дека фискалната интервенција за држење на енергенсите на релативно пониско ниво има своја цена, бидејќи јавните доходи по основ на акцизи пред сѐ, потоа и дел од ДДВ, па и данокот на корпоративна добивка, битно е каде се кратењата на јавните расходи.

„Она што јас го имам како јавна информација, пред сѐ се оди на кратење на оние стоки и услуги, коишто се дискрециони. Тука е просторот за кратење и подобар, но тука практично е клучно да покрај по домомаќинско користење на тие ресурси, справување со корупцијата“.

Околу фактот фрка државата се соочува со кадровски и човечки недостиг, како и демографска дефлација, младите заминуваат, компаниите се жалат од недостаток на работна сила, професорот вели дека ова е многу сериозно прашање.

„Пензискиот систем исто така зависи од активно население во сооднос со пензионерите. Тука е многу сериозна работа. Но, демографските процеси не се под директна контрола на тековните економски политики“, вели проф. Филиповски.

„Мислам дека сите партии нaјдоа бројки и споредби да прогласат некаква победа. ВМРО-ДПМНЕ како партија и нејзиниот кандидат, во споредба со гласовите што претходниот кандидат ги доби се некои 500-600 гласови има минус, додека СДСМ има 500 до 700 гласови повеќе од лани, ВМРО-ДПМНЕ има нешто плус, а СДСМ нешто минус.

-Но ако се споредат бројките што ги добија советнички листи од лани ВМРО-ДПМНЕ има нешто плус, а СДСМ нешто минус. Тоа укажува дека гласовите што ги добива ВМРО-ДПМНЕ не се само на етнички Македонци“, одговарајќи на темата кој доби, а кој изгуби во Брвеница.

На прашањето дали расте опозициското расположение кај граѓаните или пак власта може да биде самоуверена во политиките кои ги води, Незири смета дека дека паѓа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, но не расте за СДСМ“, вели Џелал Незири, политички аналитичар.

Додава дека постои и апатичност кај гласачите.

„Тие можеби се незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ, но сѐ уште не гледаат алтернатива кај СДСМ. Кај албанските партии имаме пад кај ВЛЕН во случајот со Брвеница, каде што изгубија една четвртина од гласовите, додека ДУИ освои двојно повеќе гласови од 2025-та година.

-Тоа покажува еден тренд дека ВЛЕН како партнер на ВМРО-ДПМНЕ се троши, додека граѓаните кај ДУИ гледаат подостоинствен претставник на нивните интереси во институциите или власта“, вели Незири.

Околу тоа дали се можни предвремени избори, Незири смета дека тоа би подразбирало и исполнување на обврските, т.е уставните измени.

„Тогаш, најверојатно ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски ќе оди на избори за да побара цел мандат, бидејќи не е политички возможно, една година пред редовни парламентарни избори да направи еден таков компромис, со гласање на уставните измени.

– Пред изборите тоа би било еден вид политичко самоубиство за ВМРО-ДПМНЕ“, смета Незири.

Разговорите погледнете ги во видеото