
СДСМ за постапката против Макрадули: Финансиската полиција по нарачка штанца кривични пријави
Опозициската СДСМ реагираше на постапката против Јани Макрадули, оценувајќи дека Финансиската полиција по нарачка штанца кривични пријави против неистомислениците на власта и сите што ја критикуваат додека го штити криминалот на Мицкоски.
Опозициската СДСМ реагираше на постапката против Јани Макрадули, оценувајќи дека Финансиската полиција по нарачка штанца кривични пријави против неистомислениците на власта и сите што ја критикуваат додека го штити криминалот на Мицкоски.
„Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка, класичен политички прогон. Како е можно некој да добие кривична пријава затоа што не исплатил јавни средства за договори кои веќе биле истечени? Тоа е клучно, отсуство на правен основ за исплата – во конкретниот случај договор за јавна набавка“, се вели во реакцијата.
Притоа се додава дека станува збор за затекната состојба за период пред неговото назначување.
Од партијата велат дека доставуваат пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи криминал, корупција и злоупотреби тешки 200 милиони евра.
„Никој не презема ништо. Поднесуваме пријави за загрозување на најважното, здравјето на граѓаните. А од Финансиска полиција, Обвинителство, судство, сите под контрола на Мицкоски молк. Само кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, се будат, поднесуваат кривични пријави по нарачки. Но, кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина, се вели во соопштението од СДСМ.
Притоа, во соопштението се посочува дека нема одговор за кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар, ниту за предметите за криминалните тендерите од 200 милиони евра, никој не одговара за Кочани, за 5 тони дрога преку граница, за пуштањето на Ива Михаилова, за нападот врз младите во Ново Село, за 5.5 милиони евра за еден диџеј, никој не одговара за тендерот во Пошта за ЗНАМ од 1.2 милиони евра…
„Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена, но кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат“, велат од СДСМ при што додаваат дека законите треба да важат за сите подеднакво.