„Луѓето од Платформата работеа против мене“: Обвинување на кандидатот на СДСМ во Брвеница
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Брвеница, Јовица Радески, денеска на прес-конференција обвини луѓето од Платформата работеле против него и партијата на изборите во неделата. И дека дури повикувале да не се излегува на гласање. Тој рече и дека ЗНАМ и Левица гласале за ВМРО. Тој рече дека таквото однесување му наштетува на СДСМ.

„Другари, требаше да дојдете и да помогнете. А не сега да кажувате за Брвеница. Размислете каква штета правите. Или молчете или помогнете, доста одмагате“, рече Радески.
Во однос на процесот на гласање, Радески побара истрага за објавувањето на резултатите од гласањето на болните и изнемоштените лица пред официјалното отворање на гласачките кутии, посочувајќи дека станува збор за сериозен сомнеж што мора да биде расчистен.
„Црна дамка на изборите фрли објавувањето на резултатите од гласањето на болните и изнемоштените, уште пред да се отворат кутиите. Очекувам и барам истрага за точно да се види кој ги отворил кутиите, кој ги броел на и кој го пратил бројот да се објави јавно, пред да стигне до комисијата“, рече Радески.
Тој додаде дека изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија.
„Но не сме сами. Со нас се граѓаните. Заедно, со верба, истрајност и посветеност, јас, ние од СДСМ продолжуваме да се бориме. Брвеница ми е во срцето и јас ќе продолжам заедно со вас да се борам за нашата општина во, за секое населено место, за секој човек“, рече Радески.
Во соопштението на Платформата по изборите се наведуваше и дека кандидатот Јовица Радески наводно бил доведен пред свршен чин откако неколку истакнати членови претходно одбиле да ја прифатат кандидатурата.