
Миноски: Владините економски политики не даваат резултати
➡-Во однос на буџетскиот дефицит, и покрај декларативната заложба во фискалната стратегија за фискална консолидација, гледаме дека во континуитет на што на некој начин претставува и законски лимит од 3% од буџетски дефицит се пробива и со вториот ребаланс се пробива на 4,1%, што генерално укажува дека место намалување имаме зголемување на јавниот долг. Тоа се прашања и сериозни предизвици во однос на водењето на фискалната политика во претстојниот временски период“, изјави Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, околу прашањето каде недостигаат пари и дали стануваме дупка без дно, осврнувајќи се на вториот ребаланс на буџетот во 2026-та година.
„Имаме две главни поенти коишто треба да ги анализираме. Првото прашање е поврзано со ликвидноста, финансиската одржливост на буџетот, дали е неликвиден или има доволна фискална одржливост, или поради тоа е неопходно да се прави овој ребаланс.
-Второто прашање е дали ние потфрламе во процесот на буџетското проектирање. Невообичаено е во толку краток временски период да се направат овие две баланси. Одговорот е некаде помеѓу – дали навистина доаѓа до ребаланс којшто е резултат на новонастаната ситуација со геополитичката нестабилност, растот на цената на нафтата и нафтените деривати и потребата од интервенција, што на некој начин ќе го намали износот на средства коишто ќе се слеат во буџетот на приходната страна, или станува збор за несоодветно планирање, заради тоа што пред два месеци состојбата горе-доле беше идентична во светот. Постоеше нестабилност на Блискиот и на Средниот Исток и на некој начин овие прашања и потребата од вакви интервенции можеа да бидат адресирани.
-Во однос на буџетскиот дефицит, и покрај декларативната заложба во фискалната стратегија за фискална консолидација, гледаме дека во континуитет на што на некој начин претставува и законски лимит од 3% од буџетски дефицит се пробива и со вториот ребаланс се пробива на 4,1%, што генерално укажува дека место намалување имаме зголемување на јавниот долг. Тоа се прашања и сериозни предизвици во однос на водењето на фискалната политика во претстојниот временски период“, изјави Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, околу прашањето каде недостигаат пари и дали стануваме дупка без дно, осврнувајќи се на вториот ребаланс на буџетот во 2026-та година.
Прашан дали проблемот е во неликвидноста, во лошото менаџирање со финансиите, или погрешно распределување на средствата, Миноски вели дека најдобрите информации се следат во Министерството за финансии.
„Они ја следат дневната ликвидност и знаат каква е состојбата со парични средства – дали постојат заостанати обврски, поврати на ДДВ, неисплатени договорни услуги, и колкав е тој износ на трошењето на расходната страна.
– На приходната страна ако гледаме дека има определено потфрлање коешто може да биде резултат на интервенциите на нафта и нафтените деривати, треба да се разгледа расходната страна. Што се случува со расходната страна, кадешто гледаме дека најголем дел од средствата одат за тековна потрошувачка и за исплата на стоки и услуги. Износот за капитални инвестиции горе-доле е прилично ист, но треба да се види каква е структурата на тие капитални инвестиции, и какво ќе биде нивното влијание врз економијата“, вели Миноски.
Каде дел од упатените велат дека недостигаат 1 милијарда евра на Пензискиот фонд, или една милијарда евра се префрлаат за редовна исплата на пензиите, и дали сега како што е поставен ПИОМ е потребна зголемена страсно граница, или треба да се размислува на зголемувања на стапките на придонесите, Миноски смета дека се работи за комплексно прашање, со одговор:
„Во текот на мојата кариера имав прилика директно или индиректно да учествувам во овие пензиски реформи. Нова пензиска реформа треба да биде спроведена со внимателни анализи“, смета Миноски.
„Со овие економски политики коишто досега се спроведуваат, јас не гледам резултати коишто ние ги посакуваме.
-Држави каде што имаме висок „јаз“, на некој начин тешко градат демократски системи, заради тоа што суштината на демократијата е постоење на една стабилна средна класа“, изјави Кирил Миноски, поранешен министер за финансии.
Целото интервју погледнете го во видеото