САД повлекоа дел од своите сили од база во Кувајт по ирански напади
САД повлекоа дел од своите сили од воениот камп Беринг во Кувајт поради иранските напади со балистички ракети, беспилотни летала и, според американските војници, и со борбени авиони Ф-5, покажаа нови видео снимки и сведоштва до кои дојде Си-Би-Ес.

Снимките покажуваат удари, експлозии и штети врз објекти и воена опрема, а Си-Би-Ес ја потврди нивната автентичност.
Кампот Беринг се наоѓа на околу 40 километри од ирачката граница, имал околу 7.000 американски војници пред војната, но повеќето претходно биле преместени на други локации како дел од планот на Пентагон за преместување на силите надвор од дострел на иранскиот оган.
Во базата останаа повеќе од 100 војници, кои, според Си-Би-Ес, се соочуваа со недостиг од муниција калибар .50 и друга опрема.