
Повеќе од 100 странци спасени од морето во близина на Крит
Две операции за лоцирање и собирање странци беа спроведени јужно од Крит, при што 105 лица беа спасени од морето.
Две операции за лоцирање и собирање странци беа спроведени јужно од Крит, при што 105 лица беа спасени од морето.
Во првиот случај, авион на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) забележа брод со приближно 65 странци, 42 наутички милји јужно од Кала Лименас, јави ЕРТ.
Патролен брод на крајбрежната стража ги префрли во Кала Лименас. Кратко потоа, во втор инцидент, авион на Фронтекс забележа друг брод приближно 50 наутички милји јужно од Аја Галини.
Околу 40 странци беа прифатени од патролен брод на крајбрежната стража и транспортирани до пристаништето Аја Галини.
Операциите беа координирани од Единствениот центар за потрага и спасување и беа завршени при силни северни ветрови.