Речиси сите жени кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија со брод од Франција се силувани, вели британска министерка

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека речиси сите жени кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија со брод од северна Франција биле силувани за време на патувањето, предупредувајќи дека шверцерите на луѓе ќе продолжат да ги експлоатираат барателите на азил сè додека одлучуваат кој може да влезе во земјата.

Махмуд истакна дека британските власти во моментов немаат целосна контрола врз границата и дека изборот на луѓе кои се обидуваат да го преминат каналот од северна Франција е оставен на криминалните групи вклучени во шверцот со луѓе, објави Гардијан.

„Речиси можете да бидете сигурни дека секоја жена на северот од Франција веројатно била силувана за време на патувањето. Некои мажи биле злоставувани и им биле упатувани закани“, рече Махмуд.

Таа оцени дека таков систем не треба да одлучува кој може да дојде во Велика Британија, да најде засолниште и да стане дел од британското општество.