Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија со амариканскиот претседател Доналд Трамп, од неговата неодамнешна посета на САД.

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп, од неговата неодамнешна посета на САД.

– Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство. 🇲🇰🇺🇸 , пишува Мицкоски во објавата.

Фотографијата на Мицкоски и неговата сопруга Рози со Доналд Трамп е од традиционалниот прием на шефови на држави и влади што го организираше американскиот претседател во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

Настанот се одржа во хотелот Лот Палас во Њујорк и беше затворен за медиумите.