Земјотрес со јачина од 4,1 степен регистриран во близина на Атина

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата и евентуалните последици од земјотресот.

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Грција, со епицентар во близина на Атина.

Земјотресот бил регистриран во 07:21 часот, а според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, неговиот хипоцентар бил на длабочина од околу четири километри под површината на земјата.

Епицентарот се наоѓал недалеку од главниот град Атина.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата и евентуалните последици од земјотресот.