Ивановска за „Фокус“: Со ДУП-от за „Барутана“, првенствено со штити приватен интерес

Прво што гледам во случајот со ДУП за делот на Водно т.н. „Барутана“ е опасност за граѓаните што живеат таму. Јас и моите сограѓани од „Шанса за Центар“ бурно реагиравме на овој Детален урбанистички план бидејќи поради порозноста на земјиштето и дождовните води од Водно кон Скопје, овој скопски рид е пошумуван најмалку две-три децении. А, селата што гравитирале таму – Горно и Долно Водно се целосно иселени во функција на јавниот интерес. И, тоа не е случајно направено, туку поради безбедноста на самите граѓани, потенцира Билјана Ивановска во видео-интервјуто за „Фокус“, на прашањето поврзано со најжешката урбанистичка тема во главниот град – случајот “Барутана“.

Ивановска посочува дека, како што ја нарекува, голготата на овој урбанистички план почнува некаде во 2009 година кога за првпат се вцртани парцели. Дотогаш немало урбанистичко вцртување на парцели. Подоцна, Уставниот суд го укинува овој ДУП за Центар, а во меѓувреме се случуваат т.н. окрупнување на парцели со докупување на државно земјиште што е еден вид законска корупција затоа што регулативата тоа го дозволува по системот 30/70, односно 30 отсто приватна сопственост има можност да дооформи со докупување на државно земјиште околу неа од дури 70 проценти.

“Второ, барањето за подготовка на овој план е од приватен инвеститор. Односно, фирма која е сопственик на парцелата. Што значи дека првенствено се бара заштита на приватниот интерес, а не јавниот. И, Опшината тоа го турка. И, замислите овој план – кој за пет пати ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план, поминува три стручни комисии. И, во Општина Центар и во Град Скопје. Па каде е овде стручноста. Што гледа“, нагласува екс првата антикорпуционерка во интервјуто за „Фокус“.