Бројот на новозаразени со Ковид 19 се зголемил за 65,8% за само една недела

Комисијата за заразни болести денеска имаше состанок на кој беше констатирано дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8 отсто.

„Констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“ – се наведува во соопштението на КЗБ.