Додека полицијата во Лесковец истражувала самоубиство на 38-годишна жена од местото Велики Трњан, открила тело на маж забетонирано во столб на куќата.
Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но тамошните медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на починатата жена, за кого сите знаеле дека е на работа во странство.
Сомневањата се дека таа го убила сопругот, заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала во столбот.
„Многу успешно ги излажа семејството и децата дека отишол да работи некаде во странство и дека ќе разговара со него. Откако, се самоубила, љубовникот отишол во полиција и признал се“ – наведува за „Нова.рс“ извор близок до истрагата.
Телото на 38-годишната жена вчера било пронајдено во помошен објект во дворот од нејзината куќа, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило пред неколку дена.
Наредена е и обдукција на нејзиното тело за да се утврдат причините за смртта, но сомневањата се дека таа извршила самоубиство.