Олена Зеленска: Се подготвуваа за спринт, ама сега се борат на маратон

Олена Зеленска – сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „Си-ен-ен“ изјави дека 5 – месечната војна ги принудила Украинците да ги приспособат своите очекувања и оние кои се подготвиле за конфликтот како да е спринт, сега се борат со веројатноста дека се работи за маратон.

„Многу е тешко да се издржат 5 месеци. Мора да акумулираме сила, мора да заштедиме енергија. Не можеме да го видиме крајот на нашето страдање“ – изјави Зеленска.

Објаснува дека освен шокот, таа е огорчена од тоа колку пати методите на руската војска ја оставиле запрепастена.

„Многупати бевме шокирани. Не знам со што друго би можеле да не шокираат окупаторите“ – вели првата дама на Украина.