Претседателот на Русија – Владимир Путин немаше да ја нападне Украина, доколку беше жена, смета британскиот премиер Борис Џонсон.
Според Џонсон, лудата, мачо инвазија на Украина е совршен пример за токсичната машкост, па британскиот премиер, во интервју за германската телевизија ЗДФ, повика на повеќе жени на моќни позиции.
„Да е Путин жена, што очигледно не е, но, да беше, навистина мислам дека не би се впуштил во луда, мачо војна за инвазија на Украина и насилство на начин на каков што тој го направи тоа. Доколку сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е тоа што тој го прави во Украина“ – Џонсон.
Тој истакна дека иако лидерите на Г7 очајнички сакаат да заврши војната во Украина, моментално не постои договор за тоа.