Пред судската зграда во Бон пронајдена отсечена човечка глава

Пред зградата на судот во германскиот град Бон вчера била пронајдена отсечена човечка глава.

„Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот. Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“ – изјавил портпаролот на тамошната полиција.

Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна.

Местата каде што се пронајдени деловите од телото се оддалечени околу еден километар.

Во близината бил приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека станува збор за 38-годишен маж кој им е познат во врска со наркотици.

„Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници“ – соопштија од полицијата.