Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини, кој е советник од ДУИ во општинскиот Совет, не можеше да се воздржи и почна да пцуе новинарка на „Телма“. Новинарката од „Телма“ го праша дали постои судир на интереси затоа што фирмите во кои неговата сопруга е управител добиле три тендери.
„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси. Јас не гласам на тие тендери. Е*и си мајката, пи*ка ти матер. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба ќе барате во Општина“, викаше Усеини.
Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот вчера го ослободи од обвинение за напад на сограѓанинот Спиро Топалоски, кој прво тврдеше дека е нападнат, за потоа да го смени исказот пред судот.