Пратеникот Арбр Адеми денеска изрази жалење по вчерашниот инцидент во Собранието, каде како претседателот на Комисијата за европски прашања, фрлаше предмети по пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците додека тие му вршеа притисок на говорницата.
Тој изјавил дека не чувствува лична вина за инцидентот, но и дека не треба да се повторуваат вакви немили сцени во законодавниот дом.
Целата вина за инцидентот ја насочи кон Антонијо Милошоски и опозициските пратеници. Според Адеми, Милошоски под дејство на влијанија од странски служби ја загрозува проевропската иднина на Македонија.
Според Адеми, тој бил на работното место како претседавач на комисијата, а Милошоски и другите опозициски пратеници го исклучиле тонот на микрофонот и како што вели, го загрозиле неговото присуство на работното место.