И денешниот обид да се усвои дневниот ред на Комисијата за европски прашања, како продолжение на вчерашната седница на оваа Комисија, повторно измина во 30-минутна тензична атмосфера.
Со Комисијата претседаваше заменичката на претседателот Арта Биљали Зендели, откако претседателот Арбр Адеми вчера предизвика инцидент фрлајќи со предмети по опозициските пратеници.
Претседателот на Комисијата за европски прашања (КЕП), Арбер Адеми денеска изрази жалење за вчерашниот инцидент во Собранието, но не чувствува лична вина за насилството од него врз колегите пратеници. Тој во изјава за „Слободен печат“ рече дека во Собранието не треба да се повторуваат вакви немили сцени