Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека „Европска Унија би можела да биде посилна во иднина доколку Западен Балкан се приклучи кон неа“. Тој истакна дека мора да се обликува иднината со земјите од Западен Балкан и посочи дека земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот на Западен Балкан го делат континентот и припаѓаат на иста култура, економија, географија и историја.
„Тоа се факти и реалност. Со сигурност можеме да кажеме една работа, ако зборуваме за иднината на Европа. Сакаме посилна Европа заснована на стабилност, безбедност и просперитет. Европа може да биде посилна само ако целосно го интегрира Западен Балкан“ наведе Вархеји.
Тој додаде дека само ЕУ може да обезбеди стабилност, безбедност и просперитет на Балканот.