Ирска ќе добие над 920 милиони евра – отштета поради Брегзит
Над 920 милиони евра ќе добие Ирска од Европската комисија како отштета поради Брегзит. Парите доаѓаат од Резервата за прилагодување на Брегзит за земјите членки на ЕУ, а Ирска е земјата која е најпогодена.
Еврокомесарката за кохезија и реформи, Елиса Фереира рече дека во Ирска луѓето најсилно го почувствувале Брегзит.
„Резервата за прилагодување на Брегзит постои за солидарност со најпогодените. Не смееме никого да оставиме зад нас. Фондовите што ќе ги добие Ирска ќе придонесат за подобрување на стандардот на живеење, поддршка за економскиот раст на земјата и ублажување на негативните последици во локалните заедници“ – рече Фереира.
Ирска ќе добие вкупно 361,5 милиони евра во 2021, 276,7 милиони евра во 2022 и 282,2 милиони евра во 2023.