Кула: Неправедно, секој поставува услови за Северна Македонија, без разлика на правата на нејзините граѓани

Еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, со оценка дека ова што се случува со Северна Македонија е потсмев и оти е неправда која не ја заслужува.

Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Северна Македонија и следствено со Албанија, Кула рече дека „секој поставува услови за Северна Македонија, без разлика на правата на граѓаните кои живеат таму“. 

-Вистината е тоа, дека со Македонија, простете ми за изразот, сите се мајтапат. Кога беше историјата, Грција ги условуваше со името, овие другите ѝ го условуваат јазикот, Еди Рама вели дека е западна Бугарија, Србија ја условуваше црквата. Дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? Проблемот е што цела Македонија ја ставивме на средина и ја направивме како салата, изјави тој. 

Додава, дека „проблемот е што ѝ се прави на Македонија“, и дали „македонската Влада ќе го прифати падот“, како и дека Албанија е жртва на ова и не треба да се условува. 

-Бугарија го одобри францускиот план. Сега доаѓаме до делот каде што зборуваме за средината, бидејќи во Скопје има политичка дебата, а политичката дебата во Скопје од страна на премиерот е дека не го прифаќаат францускиот план. Повторувам, ние сме земени како заложници, за политичко прашање кое нема врска со Албанија, таа е жртва на ова и не треба да се условува. Ова е вистината, сакал некој да признане или не, посочува Кула.