Омикрон стигна во Хрватска
Новиот сој на коронавирусот – Омикрон од денеска и официјално е потврден во Хрватска, и тоа кај две лица кои не престојувале во Јужна Африка. Ова го потврди директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје – Крунослав Чапак.
„Кај двајца апциенти е докажано дека се инфицирани со новиот сој Омикрон“ – рече Чапак.
Двајцата хрватски државјани кај кои е потврден вирусот, биле на состаноци на кои имало гости од странство.