Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски денеска изјави дека не најбитното тоа дали тој ќе остане на функцијата во новата Влада, туку смета дека е најважно е што државата останува на патот на евроинтегрирањето.
„Целокупната енергија беше фокусирана на обезбедување на стабилно мнозинство, кое што, ќе ги продолжи клучните процеси, кои што се започнати, а тоа е брза трансформација на општеството, европеизација, односно сето она што го имаме преземено како обврска пред граѓаните. Да не се враќаме назад, туку државата да го заокружи процесот на почеток на преговорите и токму во тој наратив и дух е склучениот договор со Алтернатива и обезбедено стабилно и сигурно мнозинство, кое ќе ги продолжи овие процеси во следните две и пол години“ – изјави Николовски.
Николовски посочи дека се додека е на позицијата – ќе прави притисок сите проекти и мерки за враќање на довербата на граѓаните во системот да бидат имплементирани.
„Со мнозинството, кое е обезбедено, навистина го осигуравме тој пат. Јас мислам дека тоа е побитно, од тоа дали некој ќе биде на некаква позиција. Во натамошниот период секако дека ќе се отворат и прашањата и за мандатар и тогаш ќе бидат отворени и прашањата за составот, структурата и за перформансот потребен во новата Влада и тогаш ќе разговараме со мандатарот за она што е потребно да продолжиме да го трансформираме општеството“ рече Николовски.