Цените на нафтата во пораст
Цените на нафтата од утрово растат. На лондонскиот пазар цената на барелот е 112 долари, што е зголемување за повеќе од 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Расте и цената на барел нафта на американскиот пазар и изнесува 107 долари за барел.
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 21.272 долари, што е зголемување за два отсто во однос на вчера. Во црно се и другите криптовалути.