Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи
„Да не беше трагично, обвинувањето на премиерот за пропаднатиот обид за измени на Изборниот законик ќе беше смешно. Значи ова не е само невистина, ова е брутална, безобразна манипулација која ја потценува интелигенцијата на секој граѓанин! И најстрашното, најтешкото од сè е што целата оваа манипулација ја плаќате вие, граѓаните, од вашиот сопствен џеб, додека тие ве лажат во очи“, изјави во своето гостување во ТВ Телма претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Дозволете да ја соголам оваа лага точка по точка, бидејќи сè е објавено на интернет, а и вашата редакција тоа јасно го има документирано: Во нивната сопствена Програма за работа на Владата за 2025 година, еве на страна 22, јасно стои: Итни измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР со рок – март 2025 година според Реформската агенда, крајниот рок беше јуни 2025 (лани јуни!), а апсолутниот грејс-период помина на 30 јуни 2026 година“, појаснува Зајкова и прашува каде сме денес.
Зајкова дополнува дека во Министерството за правда сега имаме министер, заменик-министер, државен секретар, шефови на кабинети, советници… сите тие се скапо платени со илјадници евра народни пари.
„Патуваат со дневници, уживаат во луксузни кабинети, имаат на располагање цела државна администрација и – пари добиваат за да не поднесат ниту еден единствен закон цела година! Срамота! И сега кога Европската комисија официјално ни пиша дека ’чекорот не е постигнат’ поради нивната мрзливост, опозицијата им е виновна? Па ова е епско расуло на системот со кое си ги земаа платите, дневниците и привилегиите а ни изгубија 4.2 милиони евра“, заклучува Зајкова.