Музичка вечер на „Охридско лето“ со уметниците на италијанското „Кимера“ трио

Музичката програма на годинешното 66. Издание на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на италијанското „Кимера“ трио, со уметниците Марта Черета на пијано, Стефано Ракањи на виолина и виолончелистот Џорџо Лукини.

Музичката програма на годинешното 66. Издание на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на италијанското „Кимера“ трио, со уметниците Марта Черета на пијано, Стефано Ракањи на виолина и виолончелистот Џорџо Лукини.

Триото „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.

Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.

Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика каде имаат можност да учат од Хато Бејерле (квартет „Албан Берг“), Вера Мартинез Менер (квартет „Касалс“), Јенс Елвекјаер (Трио кон Брио) и Ернесто Молинари (Клангфорум Виена).

Во 2022 година триото ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024 година добиваат втори нагаради и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитуваат со прва награда на натпреварот во Бусан во Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело.

Настапуваат во повеќе концертни сали низ Европа во Барселона, Мадрид, Будимпешта, Вилнус и Париз, а во 2023 година настапуваат во Адис Абеба со Симоне Грамаљија со кој одржуваат и семинар за студентите на Универзитетот „Јаред“. Во 2024 година дебитираат на турнеја во САД каде одржуваат повеќе концерти во Вашингтон и во други градови. Во Италија настапуваат во Сполето, Милано, Виченца, Јеси, Верчели и др. Во 2022 година на покана на Универзитетот во Тирана одржуваат 2 концерти и семинар заедно со Јоханес Крец, Јана Андреевска и Анелис ван Парис. Во 2023 година се резидентен ансамбл за Натпреварот за композиција на Академијата „Финци“ во Милано, а во 2025 година за нив пишува дело композиторот Фабио Ваки.

Името на квартетот доаѓа од грчката митологија, но е тесно поврзано со една од фантастичните пиеси на Роберт Шуман од Опусот 12, како и со истоимената поема на италијанскиот писател Дино Кампања.

Концертот е се одржува во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. На програмата се избрани дела на Бетовен, Мартину, Шостакович.