Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, а во разговорт учествуваа и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и амбасадорот на САД во Србија , Кристофер Хил.
Според соопштенеито од кабинетот на Вучиќ, тој на разговорите ги споделил своите впечатоци од вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, додека помошникот министер за надворешни работи на САД, Донфрид истакнала дека САД силно се залагаат нашиот регион да стане дел од Европската унија.
Во разговорот најголем дел беше посветен на билатералните, а особено на економските односи, како и можностите за соработка во областа на енергетиката, а беше изразено задоволство од успешното работење на американските компании на српскиот пазар.
-Американскиот помошник државен секретар Донфрид силно ја поддржа економската интеграција на регионот преку иницијативата Отворен Балкан, согласувајќи се со претседателот Вучиќ дека тоа е пример за добра регионална соработка и остварување цели од заеднички интерес, се наведува во соопштенеито.