Принцот Вилијам и војвотката Кејт го добија првиот заеднички кралски портрет
Војводата и војвотката од Кембриџ го добија првиот заеднички портрет кој е изложен во музејот Фицвилијам во Кембриџ.
Уметничката слика е дело на Џејми Корет, а е нарачана во 2021 година од Кралскиот фонд за портрети.
Принцот Вилијам носи црн костум со светла кошула и тиркизна вратоврска, додека Кејт носи смарагден фустан, чевли од Маноло Бланик со пар бисерни обетки.
Кралската двојка се сретна со Корет во четвртокот за да го открие портретот.
„Тоа е прилично голем портрет и изгледа неверојатно!“ – рекол принцот Вилијам.
Јавноста во Британија сепак со негативни критики. Сметаат дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изгледаат „незабележливо и препотентно“, иако инаку се познати како пристапни, весели и позитивни луѓе.